Lex est quod populus jubet atque constituit

Tuesday, September 24, 2013

Интермецо

„Отсекогаш била важна интеракцијата. Се чини дека таа е онаа, на почетокот, несвесна нишка што недостасува, да ги објасни прашањата зошто и како човекот се симнал од дрвото и започнал да чекори, излегол од пештерата, го направил првото копје, насликал првата слика, го сфатил значењето на сексуалното задоволство…
Истите принципи важат и денес, преку интеракцијата меѓу сите нас, групно или индивидуално (значењето на нашите емоции), и творбите што ги создаваме, филмот, сликарството, фотографијата, литературата, општествените норми.
Како правник, сметам дека Правото и правната наука се врвот на организираната општествена интеракција. Тие се декадентен климакс на потребата за организација на хаосот при интеракцијата. Декаденцијата во нив се согледа, од една страна, да се наметне како апсолут на организирани правила, и истовремено да се изврши промена врз апсолутот, како потреба да се отфрли притисокот предизвикан од контрола на апсолутот, од друга страна.

Зошто Fearless Meddler?

Причината е едноставна, да се има свое катче.., кое на било каков начин, преку било што, ќе го искористи овој медиум составен од пиксели, и ќе презентира еден светоглед виден од очите на Бестрашниот Сметач.
Пред помалку од една година, овој блог беше отворен на www.blog.mk, како www.meddle.blog.mk, но слабото ажурирање на податоците од страна на администраторите на тој блог портал, придонесе да се префрлат сите податоци на нова страница.
Стариот блог сеуште ќе постои, но на него нема да бидат впишувани нови наслови.
Што е MEDDLE, или кој е MEDDLE?
За оние поупатени во музиката, тоа би било само албум на Пинк Флојд, за други  буквален превод од англиското MEDDLE – сметач, односно „involvement of oneself in a matter without right or invitation; interfere officiously and unwantedly: Stop meddling in my personal life!“ 
FEARLESS, пак е трета песна од албумот MEDDLE на Пинк Флојд која си поигрува со бестрашното во Топлата, Идиотот и Судијата и нивната интеракција со возбудата, стравот и решителноста. 
Идејата на Fearless Meddler, според тоа е, да ги стави македонското право и поединецот (општество) од перспектива на гледач, кои како бестрашни туѓинци сметачи во сопствената секојдневна интеракција константно си противречат.
И сето тоа преку прашањето од истоимената песна, Fearless, „...And who`s the fool who wears the crown?...“ како израз на амбиваленција во посочената противречност.
Оттука и она во песната Echoes од албумот Meddle, „Strangers passing in the street, by chance to separate glances meet, and I am you and what I see is me...“, како желба и надеж за едно приближување на погледите кај македонскиот еквивалент на идиот, судија и толпа. 

No comments:

Post a Comment