Lex est quod populus jubet atque constituit

Wednesday, September 26, 2018

Неуспехот на историјата и последниот Џедај - 2/4


Дел втор - Конфликт: Договор кој им пркоси на очекувањата
Во самиот финиш на сеуште неизвесниот целосен исход од исполнувањето на обврските предвидени во „Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Р.Грција и Р.Македонија)“, постојано се провлекува еден многу очигледен факт за односот кон овој проблем.
За што станува збор.
Политичката валидација на внатрешната рационален и емотивен набој на индивидуите vis-a-vis колективните чинители е со прилично варијабилна амплитуда. Од една страна, овие чинители (засегнатите страни од обете страни – нивните граѓани и политички структури) посакуваат решение на овој децениски проблем; секако, решение кое кај секоја од страните е посакувано и неотстапливо. Но од друга страна пак, во моментот кога се пристапи кон решавање на овој проблем, за периодот од изминатава една година, до моментот кога се потпиша Конечната спогодба, ова чувство кај внатрешните чинители од обете страни едноставно го помести рационалното и емотивното тежиште. Таа статус-кво ситуација каде што секој е забарикадиран во своите позиции и која траеше дваесетина години, ја растури илузијата на „времето како имагинарен неплатен работник“. И сосема разбирлива е оваа теза, ако се земе во предвид фактот дека реалноста е таа која што постојано тропаше позади вратите дека решението е можно исклучиво преку преговарање и во рамките на механизмите на ООН, и никако поинаку, наместо на сметка на безвременските и бесмислени надмудрувачки рововски битки. 



Овде дека нема премногу да се задржуваме на правните логики околу Спогодбата. На нив ќе се на кратко подоцна. Како е дојдена до неа, реперкусиите, и слични други правни пикантерии, во овој момент тие и немаат толкава тежина. Немаат тежина бидејќи, како што ќе видиме, заменувањето на употребната вредност на правото како апстракт, наместо како вешта алатка, само допринесе до манипулативен трошок, кој во овие неизвесни моменти само натежнува  во кантарот на ненадоместлива штета и баналност во самата ситуација.
Има неколку правни конфронтации кои го сочинија дискурсот околу прашањето „ЗА Конечната спогодба или НЕ“. Најпрво тоа е прашањето на издржаноста на неговото потпишување, и издржаноста на самата Конечна спогодба во целина. Потоа, тука се прашањата околу промената на називот на државата „Република Македонија“, идентитетските и националните прашања, обврските околу двете страни во смисла на пристапните и претпристапните преговори со меѓународните организации, измените во Уставот на Република Македонија, прашањето за Референдумско изјаснување околу Конечната спогодба и сл.
На нив, како што рековме, ќе се осврнеме подоцна. 

Меѓутоа, постои нешто далеку по суштинско околу динамиката на овие прашања и дилеми. Тоа „суштинско“ најдобро го опфаќа следното прашање, Дали Конечната спогодба e субверзивна во однос на очекувањата од граѓаните, односно, дали истата го делегитимира или легитимира неуспехот за Спогодба за целиот изминат 23 годишен период, како политички фактор за разбирање на суштината на Спорот и Спогодбата, произлезена од Спорот?

Прашањето навистина изгледа комплексно, меѓутоа, ќе се обидеме низ неколку редови истото да го одговориме, а потоа и врз основ на дадените одговори, да пристапиме кон правна разврска на оваа децениска тегоба. 

Како почеток на оваа куса елаборација, како основа ќе го земеме следниов факт, а тоа е децениската демонстрација на „мажественост“ при одмерување на силите во овој Спор. Мажественоста се демонстрира како политичка алатка, која неретко и прераснува во најглавно оружје за приложување на аргументи. Овој вид на политичка демонстрација (маженственост) навлегува во порите на секоја сфера на размислување, па често аргументацијата се сведува на едно типично повторливо инуендо. Таквите инсинуации, сугестибилни рефлексии и манифестации, импликации, или ако сакате, алузии, се изедначуваат со практиката на „аргументација со факти“, па често произволните идеи се сведени на сериозна филозофска расправа, која пак во најголем број од случаите е бесцелна. Е оној мал дел, во суштина, е оној што предизвикува најголема штета при аргументирање, па често слушателот, гледателот, бива лесно впуштен во непосакувана приказна.

Оваа практика е сржта на неподобноста на очекувањата, односно проблемот со „неуспехот“ како состојба. 

Да објасниме што подразбираме под сево ова што го наведовме погоре.

Најнапред, ова филмско парче сепак не е пефректно кинематографско дело. Но, кога веќе зборуваме за судир на приказните, односно за она што се очекува, а се посакува, тогаш за овој филм конкретно, може да се забележи дека се изразува едно чувство на лично разочарување, предавство и непочитување. Тоа особено е изразено како вид на опсесивен надзор врз женските ликови во овој филм.

Најекстремната форма на овој т.н. опсесивен надзор, се поплаките и негодувањата на фановите, е тенденцијата да се развива (и веќе се развива) во диви и луди теории на заговор за тоа како Дизни Корпорацијата сака да протурка агенда на исфорсиран диверзитет, или феминистичка пропаганда. Меѓутоа, во суштина она што е заедничко за сите овие параноични изблици е изразениот говор за нивната основана вознемиреност/анксиозност. Таа анскиозност е вкоренета во длабоко посеаните несигурност во сопствената машкост, карактер и копнежи.

Во нашиот филм, кој што до сега го елабориравме, таквата практика е многу пластично објаснета.
Имено, на ниту еден филм до сега не е забележано толкаво оттргнување од очекувањата на публиката кога се однесува на начинот на кој што овој филм се справува со три најважни ликови од истиот. Тоа се ликовите на пилотот По Дамерон, дефетистот – стормтрупер Фин, и култниот Џедај мајстор Лук Скајвокер.Сите тие се така поставени за да се вклопат совршено во приказната за веќе видени архетипи на мажи во акционо авантуристичка тематика на филмови.
Ниту еден од нив не ги носи очекувањата кои се барани од публиката. Ниту на По Дамерон како супериорен пилот му е дозволено да ја демонстрира својата деструктивна моќ како пилот, ниту Фин бива „револуционер“ како што навистина се претставува, а дури ни Лук Скајвокер е семоќен Џедај кој се справува со неправдите во Галаксијата со еден потег.


Ништо од тоа не се случува.

Борба


Во акционите-авантуристички филмови, машките ликови кои се носители на главна улога, се очекува да бидат одлучни, праведни, респектибилни, и да преземат иницијатива во најголемиот број на ситуации. Од мажите се очекува да постигнат успех така што прогресивно ќе постанат се помоќни како што приказната се развива. Ова очекување е дел од долгата традиција на Холивуд, формула која е толку вгнездена во масовните медоуми, така што голем број на гледачи (фанови) агресивно се повикани да ја гледаат и бараат истата таа верзија на мажественост да биде репродуцирана на големото платно. Но како што Последниот Џедај ја развива својата приказна уште од самиот почеток, станува јасно дека таа нарација нема апсолутно никаква намера да се погрижи таа Холивудска практика да продолжи. Сите три херои кои ги споменавме, се презентирани како ранливи токму во нивните најдлабоки и исконски неуспеси. Секој од нив ја демонстрира сопствената карактерна маана и неадекватност.
Меѓутоа, херои со маани не се до толку необична појава во спекулативната фикција. Всушност, неуспехот, и учењето истиот да се надмине, е стандарден рецепт за структурирање на основата на одреден филмски лик. Но интересен е забележителниот факт што во Последниот Џедај со овие ликови не се случува преку истоветни машки ликови, туку нашите херои се предизвикани во нивните неуспеси од женски ликови.

Да видиме малку подлабоко зошто токму женскиот лик игра важна улога овде, во осознавање на неуспехот и соочување со истиот. 

Проблемот овде е што се соочуваме со наратив кој имплицира, а подоцна и диктира последици. Публиката очекува добрите момчиња, на пример, како По Дамерон, да ја срушат одеднаш смртоносната машинерија на непријателот во една голема огнена топка, и сиот тој успех да биде прикажан како спектакл на невидено задоволство предизвикано од неверојатни и невозможни експлозии во вселената. Меѓутоа, наместо овековечувањето на славната и очекувана победа, таквото чувство на задоволство ни е одземено. Таа внатрешна условена и наметната желба за повторлива фантазија одеднаш ни е одземена, па наместо По да биде пречекан на фанфари, соочен е со тага, прекор, а ние со авто-рефлексија на тие емоции. Оние шамари од принцезата Леа, не се наменети за По исклучиво, туку се наменети пред се за публиката, како едно освестување. Вредно е овде да се каже дека уништувањето на огромниот вселенски ласер на фашистичката машинерија на Првиот Ред не се смета баш за морално погрешно, туку само се ставени овде на кантар тактичките и човечки вредности кои мора да се платат по цена на толкавото бесмислено насилство. Приказната за По Дамерон е онаа на арогантен, тврдоглав, „никогаш не ми кажувај за шансите“ стил на херој кој постојано е опоменуван за неговото однесување, иако тоа воопшто него ни манифестира дека го засега, се додека не научи да ги слуша луѓето околу себе, во овој случај, жените на повисока позиција од него. 

Кај Фин на пример, ситуацијата е нешто поразлична. Роуз не е на некоја видна политичка позиција како што се Леа или Холдо, но затоа таа ги артикулира политичките и морални причини зошто отпорот е неопходен, па преку тоа таа го инспирира Фин да постане бунтовник. Тоа, од денешна гледна точка, е особено силна причина зошто овој лик ги извртува очекувањата кај стандардните фанови на оваа франшиза. Голем дел од овие луѓе ја сметаат Роуз за отровен дел во новиот филм, која ја загадила целата франшиза. Истите, не можат да се соочат со фактот што лик како оној на Роуз, е произлезен од средина каква што всушност се тие, и кој што е жена, и како таква го издигнува главниот носечки лик, каков што е Фин. Дополнителен гнев е тоа што таа го прекинува Фин во својот налудничав обид за уништување на Првиот Ред на крајот од филмот, како израз на херојска и витешка саможртва.

Херојската и витешка саможртва е исто така дел од долгата традиција на масовните медиуми, во кои смртта е ставена во една рамка како начин преку кој, најчесто, машките ликови ја демонстрираат својата храброст, своите убедувања, нивната љубов, па дури и нивната машкост. Фимовите имаат тенденција да ја романтизираат сликата на мажите кои умираат во оганот на славата, а жените, исто така, како гледачки, па се навикнати да посакуваат такви мажи – кои што преку трансфер на сликата за машкост и омнипотентност, ќе ја демонстрираат својата визија за морал, етика и правничност. Тоа е така дури и кога саможртвата е бесмислена, неефикасна и непотребна. Ова чувство, дека смртта, односно насилната смрт поточно, е искупителна, ретрибутивна и реститутивна за мажите, е толку длабоко вкоренета во филмската индустрија и масовните медиуми така што сосема е јасно зошто разлутените фанови се непопустливи. Тие се непопустливи во фактот дека непотребниот и бесмислен камиказе напад на Фин во суштина би бил успешен и е потребен, без оглед на тоа што филмот во суштина им го предочува и кажува сосема спротивното. Гневноста лежи во нивното гледиште дека на главниот херој му е одземена шансата за демонстрирање мачеништво.

Најнакрај, кога Реј најпосле го среќава својот херој, легендарниот Џедај витез не е тоа што таа очекувала. Лук Скајвокер постанал циничен стар пустиник. Човек, кој е толку обземен со страв и вина, што буквално го свртел грбот на отпорот и се затворил себе си од Силата. Ова, како и се друго споменато погоре, доаѓа како шок на пошироката публика, која веќе однапред има одредени предубедувања за тоа што би требало да се случи и како тие тоа го посакуваат. Како и Реј во филмот, фановите од Војна на Ѕвездите, очекуваат Лук да се појави како триумфално омнипотентно тепачиште и чудотворец, оној што тие го помнат, или барем оној што погрешно го помнат од оригиналната трилогија. Проблемот е што Лук никогаш не бил претставен како голем Џедај воин. Кога Лук во „Последниот Џедај“ вели: „Што си мислиш, дека јас ќе излезам со мојот ласерски меч и сам ќе се соочам со целиот Прв Ред?!“, овие зборови се реакција на нејзините претпоставки. Но овие зборови можат и да се прочитаат и како одговор на очекувањата на обожавателите. Всушност тоа е и обраќање кон нив. Претпоставено е дека хероите во Холивуд, особено мажите, ќе постанат експоненционално помоќни со текот на времето. Очекувањето е дека штом човекот, мажот во овој случај, си ги победил своите демони, тие демони ќе останат победени засекогаш. Ама дури и фактот што Лук Скајвокер ја одбил Темната страна, уште во Враќањето на Џедајот, неговата внатрешна борба да не одолее на искушението за апсолутна моќ не е завршено, и тој сеуште е исплашен од темнината што се крие длабоко во него, на ист начин на кој што ја почувствувал и демонстрирал уште во Империјата го возвраќа ударот на Дегоба и во шестиот дел, на втората Ѕвезда на Смртта.  Меѓутоа, иако оваа постара верзија на Лук е конзистентна со карактеристиките од оригиналната трилогија, разлутените фанови веруваат дека Лук во Последниот џедај го претставува деградирањето и понижувањето на неговата моќ и статус. 
Бесот е дури поголем и понагласен од самиот факт дека една млада необучена девојка, која ќе постане Џедај, го соочува овој безгрешен митски херој за своите неуспеси. Не само што оваа девојка го опоменува Лук Скајвокер, таа директно се конфронтира и го инспирира повторно да се поврзе со Силата. Подоцна, дури и малиот мудар Јода демонстрира водство, но во суштина Реј е таа која што му ја отвора вратата на Лук за да го надмине своето парализирачко сомневање во самиот себе. Јода само тоа му го потврдува, му дава појасна слика. Значи, наместо да го гледаме стариот Џедај Мајстор како ја учи Реј да си игра со фантастичната моќ на Силата, публиката е спуштена на земја да ги види сцените каде што Реј го потсетува Лук што навистина значи да се биде Џедај, а не само да се парадира со фантазии. Секако Реј не е помоќна од Лук, па, како што рековме погоре, дури и таа паѓа во истата замка на заблуда дека може со своите способности да го одврати Бен Соло/Кајло Рен. Но сепак, таа поседува нешто што тој го загубил. Реј сеуште има надеж, таа сеуште има убедување, и има чистост на она што претставува цел – целисходност. Идејата дека млада девојка како Реј може да направи нешто толку важно, како на пример да го научи стариот митски (машки) херој како Лук Скајвокер, е погрешно видено од добар дел од обожавателите (машки) како обезвреднувачки.

Реј - разочарување


Поентата на овие неколку редови е да покаже дека овој филм, но и во практиката воопшто, имплицира на неуспехот од повторување на едни исти практики, односно во согледување на грешките кои ги земаме здраво за готово, па несогледувајќи ги како такви, ги претвораме во омнипотентни и апсолутни успеси. Соочувањето со неуспесите, со проблемот кој носи неуспех, со проблемите кои во минатото носеле неуспех, е клучно за да се надминат траумите предизивкани од неуспесите, односно и од надминување на неуспесите кои ни се пред портите.  

Тоа е лајтмотив на Конечната спогодба.
Таа е одраз на сите наши општествени неуспеси да се соочиме со суштината на проблемот кој тежел речиси триесет години. Нерешавањето, или барем омнипотентната апсолутистичка верба во сопствената надмоќ дека единствено нашето мислење и став се точни за тоа како треба да се реши одреден проблем, кој што ги обликувал нашите животи за период од три децении е несоочување и неприфаќање на неуспесите кои не обликувале, и кои, на жалост можат да не обликуваат доколку не пристапиме кон него рационално.

Она што претставува Конечната спогодба, во суштина е пресликан сублимат на неуспехот кај двете страни најдат заедничко решение. Таа сама по себе е успех, но е слика за неспособноста, неможноста да се издигне над обичното парадерство со фрази и моќни зборови, кои само ја подгреваат масата, а само циркулираат и надувуваат една обична вербална нарација, повторувана низ годините. Конечната спогодба директно им погледна во очи на погрешните очекувања, претпоставки и тези кои беа наталожени низ годините, а кои во суштина не беа базирани врз факти, туку врз емотивни констатации претставени и издигнати на ниво на факти и вистини. Врз таквите очекувања, се изградија цели митови, приказни и легенди за суштината на спорот, за карактерот на едно сенародно филозофско и историско битисување кое што очигледно и немаше никаква врска со реалната слика. Спогодбата, меѓу другото е и огледало дека нашето општество, но и грчкото, во таа смисла, се неуспешни општества. Ја содржи моќта таа традиција да се прекине и да се почне од нов извор. 

Единствен начин да се прекине со таквата традиција е соочување со траумата.

No comments:

Post a Comment